Регион

„Кауфланд“ повторно ги зголемува платите

20 јан 2023

Само шест месеци по последното зголемување на платите за вработените во јули 2022, хрватскиот трговски синџир „Кауфланд“ најави дека од 1.03.2023 повторно ќе обезбеди повисоки плати и дневници за сите вработени, што е веќе трето зголемување за период од една година. 

Заработката на работниците од март годинава во просек ќе порасне за нешто повеќе од осум отсто. Ќе бидат зголемени и надоместоците за работа на празник и ноќната работа, во просек за 5 отсто. Од оваа година, „Кауфланд“ ќе воведе и годишен одмор во износ од 100 евра нето за сите вработени на нераководни позиции, а ќе биде обезбеден и додаток во вид на поттик за вработени во филијалите и логистиката, што ќе исплаќа во тек на летната сезона. За раководните позиции, приходите ќе се зголемат преку нов месечен надомест и други бенефиции. 

Во овие предизвикувачки времиња, како одговорен работодавач, сакаме да им покажеме на нашите вработени колку ја цениме нивната работа. Затоа одлучивме повторно, по трети пат годинава, да ја зголемиме заработката на вработените во просек поголем од 8 отсто, изјави Патрик Рудат, претседател на Управата на „Кауфланд“ во Хрватска. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...