Регион

„Загребачка пивовара“ отвори нов логистички и трговски центар

03 окт 2022

Откако во јуни презентира вкупна инвестиција од 8,5 милиони евра во технолошки напредна линија за полнење и пакување лименки во производниот погон, „Загребачка пивовара“ во текот на летото заврши и со инвестиција од речиси 2,4 милиони евра во својот логистички, дистрибутивен и трговски центар во Запрешиќ.

Изградени се 5.400 м² нови простории за складирање и дополнителни 9.000 м² надворешни логистички површини, вклучително и нов терминал за камиони.

Новиот инвестициски циклус ја одбележа оваа, за нас многу важна година во која славиме 130 години постоење. Годинешниот инвестициски циклус ни е исклучително важен бидејќи ѝ овозможува на нашата компанија да биде поконкурентна на FMCG-пазарот, но и да обезбеди уште подобра услуга за нашите потрошувачи, рече Мирослав Хољевац, претседател на Управниот одбор на „Загребачка пивовара“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...