Регион

„Штарк“ инвестира 4,5 милиони евра во фабриката во Љубовија

03 окт 2022

Во годината во која „Атлантик Штарк“ слави 100 години постоење, на пазарот влегува со многубројни новитети и подобрувања на различни полиња. Годинава фокусот е ставен на потрадиционалниот дел од портфолиото на „Штарк“ – бисквитите и наполитанките.

Првиот чекор беше инвестиција од 4,5 милиони евра во фабриката во Љубовија, која ќе овозможи модернизација на производството и пакувањето, зголемување на капацитетот, како и проширување на асортиманот со нови атрактивни производи кои се во согласност со светските трендови.

Љубовта и насмевката се заштитен знак на „Штарк“, кој се трудиме да го втиснеме на секој наш производ, па природно беше насмеаното срце да стане составен дел од логото, рече Наташа Шарчевиќ, директорка на секторот за маркетинг и иновации.

На полиците на продавниците веќе се присутни Štark Biscuits, кои покрај дизајнот на пакувањето, добија и нови форми. Портфолиото е збогатено и за Štark Integralne Keksiće.

Во духот на подобрување се менува и изгледот на малопродажните продавници на „Штарк“, нагласуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...