Регион

Словенија ќе воведе мониторинг на цените на основните прехранбени производи

04 авг 2022

Словенија од септември ќе воведе следење и споредување на малопродажните цени на 15 главни прехранбени производи од различни трговци. 

Премиерот Роберт Голоб во средината на јуни изјави дека трговците имаат значително различни цени и маржи, па Владата ќе воспостави јасна презентација на цените на различни трговци. Ова е една од мерките што ги презема Владата за да се реши проблемот со недостигот на овие прехранбени производи и да се ублажи поскапувањето од страна на трговците.

Главната цел на мониторингот на цените е да им понуди на потрошувачите информации за слични производи од други производители, како и за потеклото и квалитетот на поединечните производи, што ќе им го олесни изборот според параметри кои се многу важни во периодот на инфлација, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Словенија.

Планирано е изведувачот да направи посебна веб-страница на која ќе ги објавува тековните цени на избраните производи од различни трговци во Словенија на секои 14 дена, односно за период од седум месеци, од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година.
Планирано е и истовремено следење на цените на одредени производи во Австрија, Италија и Хрватска.

Првиот мониторинг на цените треба да се направи најдоцна до 12 септември, а веб-страницата треба да биде пуштена во употреба најдоцна до 15 септември.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...