Регион

Србија ќе извезува храна во Саудиска Арабија

26 јул 2022

По повеќе од 40 години, Србија ќе може да извезува млеко и млечни производи во Саудиска Арабија. Овошјето и зеленчукот исто така ќе може да се извезуваат, додека во следните 20 дена се очекуваат и дозволи за извоз на овчо и говедско месо, соопшти Владата на Србија. 

Ова следува откако Саудиска Арабија неодамна ја стави Србија на листата на одобрени извозници на храна во Саудиска Арабија.

Можноста за пласман на српска храна на овој високоплатежен пазар е одлична можност за нашите производители, посебно во ситуација кога цените на храната достигнаа рекордно ниво, соопштија од српското Министерство за земјоделство. 

Вредноста на досегашната размена меѓу двете земји за производи што можат да се извезуваат расте секоја година - само во 2021 достигна износ од 9 милиони американски долари, додека за првите шест месеци од 2022 веќе е на ниво од 6 милиони долари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...