Регион

„Краш“ го потврди стабилниот раст

25 јул 2022

Резултатите на групацијата „Краш“ во првата половина од 2022 го потврдија стабилниот раст во сите сегменти, наспроти актуелните случувања и предизвици на светските пазари кои предизвикаа нестабилност на цените на енергенсите и суровините и ги зголемија трошоците на работењето. 

Консолидираните вкупни приходи изнесуваат 543,56 милиони куни, што е за 55,4 милиони куни (11,3 %) повеќе во споредба со истиот период лани. Растот на добивката пред оданочување е 20,9 %. 

И во следниот период ќе настојуваме да се трудиме навреме да ги препознаваме пазарните околности и да носиме одлуки што ќе не водат кон натамошно стабилно работење. Досегашниот успех ни е мотивација дополнително да се насочиме кон барањата на нашите купувачи, вработени и акционери, изјави Славко Ледиќ, претседател на Управата на „Краш“. 

Во вкупните приходи од првата половина на 2022, приходите од продажба се во износ од 527,18 милиони куни. Вкупниот обем на продажба е 17.893 тони што е зголемување од 3,3 отсто, односно 576 тони во споредба со истиот период лани. Извозот е зголемен за 5,3 отсто. Најголем раст на продажбата има кај кексите и вафлите, со 12,5 отсто во сите фабрики во „Краш група“. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...