Регион

Со акцијата на „Лидл“ отстранети се 14 тони отпад

16 јун 2022

Со изложбата на Калемегдан, преку фотографии од локалитети во Србија на кои се гледа состојбата пред и по акциите за чистење, „Лидл“ - Србија го означи крајот на годинешната еколошка акција „Чисто од љубов“, која ја спроведе со поддршка на 8 локални организации.

Сите посетители ќе имаат можност да ја видат оваа изложба на отворено во следните седум дена, која сликовито покажува каква е нашата околина и како можеме со заедничка акција да ја направиме нашата средина подобро место за живеење, соопшти компанијата.

Партнери на еколошката акција на „Лидл“ беа локални организации кои спроведоаа акции за чистење во 8 градови во Србија, при што беа собрани повеќе од 12 тони отпад, од кои дури 2 беа испратени за рециклирање. Во исто време, компанијата „Лидл“ - Србија обезбеди финансирање за неколку помали, локални акции во Србија, со кои се отстранети околу 2 тони отпад.

Како општествено одговорна компанија настојуваме со нашиот пример да ја мотивираме јавноста и да иницираме позитивни промени во општеството, а со оваа еколошка акција потсетуваме дека љубовта кон природата треба да биде и да остане чиста. Пресреќни сме што собравме над 600 учесници и што меѓу нив беа и 40 наши колеги кои половина од работниот ден поминаа на една од акциите, со што „Лидл“ како компанија и тие како поединци на уникатен начин ѝ помогнаа на заедницата, рече Мартина. Петровиќ, менаџер за корпоративни комуникации и CSR во „Лидл“ - Србија.

Сите посетители кои ќе прошетаат низ Калемегдан во следните седум дена ќе имаат можност да видат како изгледале одредени градови во Србија пред акцијата за чистење на животната средина на Лидл и како изгледаат сега, по напорите на сите организации и волонтери кои учествуваа во проектот.

Акцијата на „Лидл“ произлезе од стратегијата RESET Plastic на „Шварц груп“ за одговорно управување со пластика, која се фокусира на пет области на активност: од избегнување пластика, рециклирање и отстранување, до поттикнување на иновациите и образованието во животната средина. На тој начин „Лидл“ - Србија ја намалува употребата на пластика и го затвора својот круг, а сето тоа за „За подобро утре“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...