Регион

„Мак Зара“ отсега и на словенечкиот пазар

04 мај 2022

На словенечкиот пазар пристигна и босанско-херцеговскиот бренд „Мак Зара“, кој произведува чоколади и пралини со врвен квалитет.

Премиум чоколадните производи го најдоа своето место на полиците во хипермаркетите „Меркатор“, „Е. Леклер“ и ФАМА, а до крајот на годината ќе се најдат и на полиците на другите големи трговски синџири во Словенија.

Раководството на „Мак Зара“ посочува дека на целиот проект му пристапиле многу сериозно и дека благодарение на претходно дефинираните маркетинг-активности и стратешкиот бизнис, успеале да ги позиционираат производите на словенечкиот пазар, да ги доближат брендот и производите до словенечките клиенти и да овозможат стабилен бизнис.

Првите количества пралини и сушено овошје беа испратени во Словенија на крајот од 2021 година, а веќе добиваме нови нарачки. Наш фокус годинава дефинитивно ќе биде словенечкиот пазар, каде што се позициониравме по висока цена бидејќи забележавме задоволство кај потрошувачите од квалитетот на нашите рачно изработени производи, истакна Армин Хоџиќ, директор на Мак Зара.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...