За продажба е огласена српската компанија „Прокупац“, преку оглас за јавно наддавање што го распиша нејзиниот стечаен управник. Се продаваат имотот, правата и побарувањата на стечајниот должник, со проценета вредност од околу 17,8 милиони евра.
„Прокупац“ е некогашен гигант со погони во Србија, БиХ и Црна Гора, прочуел по брендовите алкохолни пијалаци како ракииите Мanastirka и Stomaklija и вината Тopličko crnо и Тopličko roze.
Компанијата има голем имот на териториите на Србија, Црна Гора и во Сараево. Притоа, се продава целокупниот движен и недвижен имот опфатен со проценката.
Тука има фабрички погони, угостителска опрема, земјоделско земјиште, како и брендови, кои се најголема вредност на компанијата, кажа стечајниот управник.
Ова е прва огласена продажба и веќе има сериозно заинтересирани инвеститори, како домашни, така и странски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.