Регион

„Лидл“ донираше 25 тони производи

29 дек 2021

Повеќе илјади потрошувачи во Србија се вклучија во хуманитарната акција на „Лидл“ и донираа производи на Црвениот крст на Србија. 

Во рамки на акцијата „Малите дела се голема работа“ се собрани околу 25 тони производи, однодно, околу 40.000 артикли. Во 29 ноември до 19 декември, колку што траеше акцијата за донирање, се приклучија граѓани од повеќе од 30 градови во Србија. Најмногу донираа основни прехранбени намирници, брашно и тестенини, но и слатки производи што ќе бидат дел од пакетчињата за деца.  

Повеќе од 30 локални организации, партнери на „Црвен крст“, ги преземаа донираните производи кои ќе бидат доставени до еднородителски семејства, лица со попреченост, страски домови и до здруженија на граѓани. 

Од „Лидл“ соопштија дека целта на акцијата е да им се помогне на тие на кои им е потребна помош за безгрижно и достоинствено да ги поминат празниците. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...