Регион

„Лидл“ нуди 3,73 милиони евра за плац во Подгорица

27 дек 2021

Во понудата за продажба на имотот на некогашниот најголем производител на градежни машини во екс-Југославија, фабриката „Радоје Дакиќ“, се јавила и „ММС Проперти солушионс“ која понудила 3,73 милиони евра за 13,2 илјади метри квадратни земјиште кое се наоѓа во познатиот Сити кварт во Погорица.

Основач на оваа компанија, основана во март годинава, е „Ве-интернешнл звајте ГмбХ“, која е основач и на „Лидл“ во БиХ, додека овластени лица се Томислав Шапина и Драган Чигоја, одговорни лица на српски „Лидл“. Малопродажниот синџир „Лидл“ е дел од „Шварц груп“ од Германија и е присутен во Србија од 2018 година, додека во БиХ сè уште не се отворени продавници за малопродажба, иако компанијата е основана кон крајот на април.

РЕгионалните медиуми наведуваат дека покрај овој имот на фабриката „Радоје Дакиќ“ остануваат уште градски сообраќајници , за кои претходно било наведено дека може да ги купи само главниот град, како и парцела од 8,6 илјади метри квадратни вредна 2,45 милиони евра за која се води судска постапка за еден дел од земјиштето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...