Регион

„Лидл“ БиХ регистрираше уште две подружници во Сараево

24 дек 2021

Германскиот трговски гигант „Лидл“ регистрираше уште две подружници во Сараево. Првата е на улица „Ступска“ 19, а на втората на улица „Врбања“. 

Централата на компанијата е регистрирана на улицата „Маглајска“, во општина Центар. 

Покрај овие, „Лидл“ регистрираше уште две подружници во Брчко и во Бања Лука. 

И додека траат подготовките за влез на пазарот во БиХ, локациите за идните продавници на „Лидл“ уште не се откриваат. Еден од условите за трговецот да отвори свој објект во некој град е градот да има најмалку 30.000 жители. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...