Регион

Словенија препорачa работа од дома секаде каде е можно

22 Nov 2021

Словенија засега нема да воведе нови ограничувања поради ширењето на епидемијата на коронавирус, но тоа може да се случи наскоро доколку не се почитуваат сегашните мерки, беше соопштено на владината прес-конференција.

Според министерот за здравство Јанез Поклукар, владата не го прифатила предлогот на епидемиолозите за воведување учење на далечина, но ја прифатила нивната сугестија јавниот сектор и општата економија да работат што е можно повеќе од дома. Тие најавуваат и заострување на контролите на јавниот превоз и училиштата.

Тестирањето на учениците во училиштата деновиве покажа дека кај децата од 5 до 14 години има зголемување за 40 отсто и дека јавниот превоз е важен извор на зарази, поради што ќе се воведат многу строги контроли.

Доколку се утврди дека не се почитуваат правилата за носење маски и ковид-потврди во јавниот превоз, тогаш наскоро се можни нови ограничувања во таа сфера, објави Поклукар.

Тој додаде дека Владата донела одлука со која се дозволува обесштетување на оние кои претрпеле „штета и здравствени оштетувања” поради вакцинација или земање на лекот против Ковид - 19 и дека одредбата ќе се применува ретроактивно.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...