Регион

Србија ја ограничи цената на лебот од брашно Т - 500

10 ное 2021

Владата на Србија вчера донесе Уредба за задолжително производство и промет на леб од брашно Т - 500 со што малопродажната цена на лебот од брашно од тој тип е ограничена на максимални 46 динари во следните шест месеци, со можност за продолжување. 

Учеството на овој вид леб во структурата на набавките на сите видови леб, кај секој трговец, треба да биде најмалку 30 отсто, за да се овозможи избегнување на примената на оваа Уредба, соопштија од српската влада. 

Според соопштението, планирана е интервенција од стоковите резерви од 30.000 тони брашно. Доколку биде потребно, ќе следува реакција со дополнителни количини брашно. Уредбата е донесена со цел да се осигура снабдувањето на пазарот и да се зачува стабилноста на цената на лебот поради скок на цените на житото и брашното, кои достигнаа рекордно ниво во светот, но и во Србија.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...