Регион

Рекордна добивка на „Перутнина Птуј“ во Словенија

05 окт 2021

„Перутнина Птуј“ годината ја заврши со приходи од 294 милиони евра, што е зголемување за 3% во споредба со претходната година.

Според генералниот менаџер на компанијата, Енвер Шишиќ, 2020 година била посебна, специфична и динамична за групацијата бидејќи барала многу приспособувања на новата ситуација во рамките на компанијата и во рамките на деловните процеси, што значело дека многу активности требало да се спроведуваат поинаку отколку порано.

Минатата година, со речиси 3.900 вработени, групацијата го зголеми профитот пред амортизација и камата (ЕБИТДА) за повеќе од 47 милиони евра, за 7%, а нето-добивката изнесуваше повеќе од 31 милион евра. И покрај вонредната состојба поради епидемијата, тие ангажираа дополнителен персонал и обезбедија работа за 190 нови работници.

На ниво на словенечката компанија која вработува 1.900 луѓе, минатата година остварија слични приходи од продажба како и претходната година, во износ од 177 милиони евра. Најголем пораст забележа продажбата на месните преработки за повеќе од 1.500 тони, постигнувајќи рекордна добивка од ЕБИТДА од 27 милиони евра, што е за 4,8 милиони евра повеќе од претходната година. Нето-добивката изнесува 18,5 милиони евра.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...