Регион

Србија: Кафето ќе поскапи за 10 отсто

29 сеп 2021

Ниските температури во Бразил и зголемување на цените за транспорт од Виетнам ќе се одразат на цените на кафето во Србија, најавија од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија. 

До крајот на годината, кафето во Србија ќе поскапи за 10 отсто.

Сосема е извесно дека следната година, цената на кафето ќе се зголеми за уште 5 отсто, покрај овие 10 отсто од тековната година. Новата цена би била од 270 до 300 динари за 200 грама кафе, соопштија од Здружението.

Според нив, цените на глобално ниво пораснаа и до 90 отсто, па поскапувањето после увозот ќе биде неминовност. 

Кафето кое во моментов се наоѓа на пазарот во Србија се повлекува од залихи

Родот на кафето „арабика“ е десеткуван поради мразот. Поскапувањето на „арабиката“ придонесе до тоа да, поради поголемата побарувачка, порасне цената и на кафето „арабуста“. На поскапувањето на кафето влијае и зголемената цена на транспортот, поради недостаток на контејнери во кои стоката се превезува. 

Годишно, Србија увезува околу 30.000 тони кафе, главно од Бразил, кој е најголем светски производител на „арабика“ и снабдува дури третина од светскиот пазар. Видот „робуста“ Србија го набавува од Виетнам, а увезува кафе и од Уганда, Костарика, Колумбија, јамајка и Индонезија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...