Регион

Извозот преку „Шпар“ расте и покрај пандемијата

06 сеп 2021

Извозот на хрватски производи преку продажната мрежа „Шпар“ кон странските пазари континуирано се зголемува, а во првите шест месеци изнесува 49 милиони евра. Тоа е зголемување од 3% и покрај пандемијата во споредба со истиот период во 2020 година, што беше рекордна година во однос на вкупниот извоз, беше објавено од овој синџир на мало.

И покрај предизвиците на пандемијата, хрватските производи сè уште го наоѓаат својот пат до европските потрошувачи благодарение на „Шпар“, каде што се особено истакнати и дополнително промовирани во летоците на овој трговец во Австрија.

Горди сме што, покрај големите, малите производители сè повеќе се пробиваат на европските пазари. Континуираното зголемување на продажбата на хрватските производи е уште една потврда за нивниот квалитет што европските потрошувачи знаат да го препознаат, рече Хелмут Фензл, претседател на Управниот одбор на „Шпар“ - Хрватска.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...