Регион

Црна Гора: Пекарниците престанаа да носат леб во маркетите

18 авг 2021

Здружението на пекари на Црна Гора, кое има околу 400 членови - пекари, ја запре испораката на леб и другите пекарски производи до трговските синџири. 

Причина за овој потег се високите маржи на трговците, кои некаде се и до 40 отсто, кажа Светозар Радонјиќ, претседател на Здружението.

Маржата пред 15-тина години беше 5 отсто, а сега е 40 отсто. Поради тоа ние не можеме да го одржиме производството. Ако маржата се намали, цената на белиот леб би се задржала на 50 центи, велат од Здружението. 

Од Министерството за економски развој на Црна Гора велат дека цената на векна бел леб е ограничена на 50 центи за да се заштити стандардот на граѓаните. Владата им препорача на трговците маржа не поголема од 17 отсто за векна леб, обезбедување на плаќањетово период не подолг од 30 дена и континуирано снабдување. 

Од друга страна, граѓаните очекуваат да престане натамошното поскапување на основните животни намирници, пренесуваат црногорските медиуми.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...