Регион

Претставен е првиот хрватски производ од 100% растително потекло

29 јул 2021

Planet of plants е првата хрватска линија на производи од растително потекло што сега може да се најде на полиците на продавниците. Резултат е на соработката меѓу „Звијезда“ и ПИК Врбовец.

Соработката меѓу двете компании во рамките на групацијата „Фортенова“ резултира во дури седум производи кои се 100% од растително потекло: тие не содржат јајца, глутен и соја, поради што се погодни и за вегани и за вегетаријанци.

Производите, освен во Хрватска, може да се најдат и на словенечкиот пазар, а во септември ќе бидат достапни и во Србија. Планот е да се постави нова линија на странските пазари.

Ние сме многу горди што први на пазарот им понудивме на домашните потрошувачи линија на растителни производи, што е уште еден доказ дека во Хрватска имаме знаење и искуство да се натпреваруваме и со помош на колеги експерти да развиваме производи кои одат во чекор со светските трендови, рече Славен Ружиќ, директор на ПИК Врбовец.

По повод презентацијата на производната линија, Томислав Алагушиќ, директор на „Звијезда“, истакна дека растителните алтернативи се иднината на прехранбената индустрија, а оваа линија е логично продолжување на бизнисот на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...