Регион

Нови можности за извоз на овошје и зеленчук од Србија во САД

26 јул 2021

На производителите, преработувачите и дистрибутерите на овошје и зеленчук од Србија им е достапна нова платформа за извоз на храна на пазарот на САД. 

Платформата е креирана во рамки на заедничкиот проект на ФАО и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во соработка со развојната агенција на Србија. Истата им нуди можност на постоечките и на потенцијалните извозници на овошје и зеленчук на едно место да ги дознаат неопходните информации за подготовка на извозот за американски пазар. Истовремено, компаниите имаат можност да воспостават контакт со експерти и да добијат конкретни информации во врска со потенцијалните пазари. 

Пристапот до платформата е бесплатен, со регистрација на корисникот или компанијата. 

САД се втор најголем светски пазар на Храна, после Кина. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...