Регион

Најавен првиот агроенергетски проект на Балканот

21 јул 2021

„Финтел енергија“ и партнерската компанија „МК груп“ најавија голема инвестиција во Србија и регионот, вредна 340 милиони евра.

Станува збор за агроенергетски проект, прв во Србија, но и на Балканот. Проектот, наречен „Агросолар кула“ ќе почне да се гради во 2022 година, а реализацијата ќе трае нешто подолго од една година.

Од компаниите велат дека агроенергетиката во овој проект подразбира технолошки решенија кои овозможуваат истовремено производство на земјоделски посеви и енергија од сончева енергија на иста површина. Иновативната примена на соларни панели во комбинација со вегетација, прави таква микроклима која ја подига продуктивноста на земјоделското производство, а од друга страна ефикасноста на производството на електрична енергија. Добра страна е и намалената емисија на јаглерод диоксид и намалената потрошувачка на вода за наводнување. Притоа, „МК груп“ се одлучила за органско земјоделство на земјиште каде проектот ќе биде имплементиран, така што нема да се користат пестициди, хербициди, ниту вештачки ѓубрива.

Паметното земјоделство и зелената енергија одамна се во фокусот, а проектот „Агросолар“ се заснова на нивната синергија. Овој систем ја постигнува оптимизацијата на користењето на земјиштето и неговото максимално искористување, со позитивно влијание врз животната средина. Затоа оваа пионерска инвестиција е од голема важност за одржлив развој на земјоделството и производство на енергија од обновливи извори. Очекуваме да генерира силна додадена вредност за двата сектора, изјави Тицијано Џиованети, извршен директор на „Финтел енергија“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...