Регион

Уште седум српски компании ќе извезуваат во Русија

07 јул 2021

Седум производители на храна од Србија добија дозволи за извоз во Русија. 

Тоа се компаниите за производство на овошје: „ПДМ“, „Фарм фруит“ и „Рамбо“, производителот на сточна храна „Сано“, потоа „Перутнина птуј“, „Сремска млекарница“ и млекарницата „Беланова“. 

Извозот е овозможен преку договорот меѓу Србија и Евроазиската унија, кој стапи на сила на 10 јули, и со кој се прошири листата на производи за извоз во споредба со претходниот договор, како и можноста за извоз на неограничени количини овчо и козјо сирење и овошна ракија. 

Од мај 2022 година, Србија ќе биде интегрирана во рускиот информациски систем кој ја следи испораката на овошје и зеленчук во земјата, што овозможува во секој момент да се има увид каде е пратката и можностите за евентуални злоупотреби да се сведат на минимум. 

Наскоро се очекува уште дваесетина српски прозводители на овошје да го усогласат договорот со руските партнери за склопување повеќегодишни договори за испорака на стоки, со што ќе биде решен и проблемот со транспортот преку трети земји што сега го успорува извозот. 

Минатата година, стоковата размена меѓу Србија и Русија надмина 500 милиони долари. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...