Вчера (13 мај) „Лидл“ – Србија ги отвори вратите на првата продавница во Младеновац, на улицата Крал Петар I, бр. 50, која воедно е и јубилејниот 50. објект на дисконтерот во земјата.
Денешниот ден, кога ја отвораме јубилејната 50. продавница во Србија, е од големо значење за нас. Иако примарната задача ни е да им го понудиме на потрошувачите најдобриот однос меѓу цената и квалитетот, знаевме дека нашата визија е многу поголема. Сакаме да бидеме партнер на заедницата во која живееме и работиме. Веруваме дека во текот на изминатите две години, оваа намера ја постигнавме со бројни инвестиции во српската економија, нови работни места и со општествено одговорни проекти. Довербата од потрошувачите е најдобар доказ за тоа, рече Томислав Шапина, генерален директор на „Лидл“ – Србија, на денот на отворањето.
Во текот на изградбата на продавницата во Младеновац, српска компанија била ангажирана како главен изведувач, а работеле и други 30 домашни подизведувачи.
Со отворањето на новата продавница, отворени се и повеќе од 30 нови работни места. Со тоа, вкупниот број вработени во „Лидл“ – Србија надмина 2.200.
Првиот „Лидл“ во Србија беше отворен во 2018 година, а до денес, дисконтерот е присутен во 32 града во соседната земја.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.