Регион

„Нестле“ - Србија заштедува 65.000 литри вода секој ден

06 апр 2021

Бунар со станица со пумпа, чиј капацитет е шест литри во секунда (просечна дневна потреба на човекот е 2,5 до 5 литри вода) и сепаратор на маснотии што ги одделува маслото и маснотиите од атмосферската вода (дождовница), во кои се инвестирани 120.000 евра, се дел од современата инфраструктура за прочистување на водата и заштеда на вода во фабриката „Нестле“ во Сурчин.

Како дел од панел-дискусијата организирана по повод Светскиот ден на водата, во живо од Сурчин компанијата ги презентира резултатите и целите во областа на одржливоста.

Покрај горенаведеното, „Нестле“ во Србија има и најсовремена постројка за третман на отпадни води, што воедно е и најголема локална инвестиција на компанијата во износ од 1,2 милион евра. Покрај најсовремената фабрика, компанијата применува строги правила во своето работење со цел зачувување, прочистување и заштеда на вода, така што секој ден прочистува 65.000 литри вода.

Отворајќи ја конференцијата, Марјана Давидовиќ, генерален директор на Нестле во Србија, истакна дека одговорното однесување на компанијата кон општеството и животната средина е апсолутен приоритет, особено во време на криза, а најдобрата мотивација за продолжување на овие напори е безусловната доверба на потрошувачите

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Србија ги отвора трговските центри во понеделник

06 апр 2021

„Симка“ ќе почне со производство до крајот на годината

06 апр 2021

Матео Коланѓели e новиот директор на ЕБОР за Западен Балкан

06 апр 2021

„Нелт“ објави конкурс за програмата „Добар почеток 6“

06 апр 2021

Словенија со највисока стапка на невработеност од почетокот на пандемијата

06 апр 2021

„Мепас“ - нов дистрибутер на „Звијезда“, „Дијамант“ и „Беље“

06 апр 2021
Вчитува уште новости...