Регион

„Карнекс“ донираше 7,6 тони производи на Банката за храна

23 фев 2021

Србија: Компанијата „Карнекс“ донираше 7,6 тони производи на Банката за храна, со што обезбеди уште околу 40.000 оброци за најзагрозените граѓани.

Со оваа донација, само во последните три години, „Карнекс“ донираше вкупно 67 тони производи, во вредност од 280.000 евра, и со тоа обезбеди барем по еден оброк за 400.000 луѓе.

Помошта на заедницата и поддршката на активности против фрлање храна се дел од нашата мисија – колку што можеме, да овозможиме барем по еден сигурен оброк за што повеќе луѓе. Во тоа ни е партнер Банката за храна, која соработува со повеќе од 250 разни организации и социјални установи ширум Србија, а и логистички може да организира помошта да стигне до секој на кој му е потребна, соопштија од „Карнекс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...