Регион

Србија ќе извезува свинско месо во ЕУ - првпат по 30 години

22 јан 2021

Србија оваа година ќе почне да извезува свинско месо на пазарот во ЕУ, првпат по 30 години, најави српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. 

Тој рече дека Србија успешно го запрела ширењето на болеста „африканска чума“ што беше идентификувана кај домашните и кај дивите свињи во сите окрузи каде болеста се појави. 

Наведе и дека се создадени услови за извоз на говедско месо и јајца од Србија на поголемите европски пазари. 

Барањето нови пазари за извоз, меѓу другото, е и поради тоа што во 2020 година, за 70 отсто падна побарувачката на говедско месо во Србија, а за 20 отсто падна и потрошувачката на свинско месо, поради неработењето на хотелите и рестораните. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Фортенова“ доби одобрение за концентрацијата на „Меркатор“-Србија

02 мар 2021

Нов „Шпар“ во Ново Место

02 мар 2021

(ВО ЖИВО) 7 FMCG Ритеил Самит во Сараево: Заедно градиме иднина!

02 мар 2021

„Лидл“ ќе гради голем логистички центар во Лапово

02 мар 2021

„Инвеј“ сака да ги преземе сите акции на „Витал“

02 мар 2021

„Бинго“ го презеде ИНИТ од „Фортенова“

02 мар 2021
Вчитува уште новости...