Регион

Битка за тронот на „Подравка“

20 јан 2021

Не е сеедно кој ќе го наследи прерано починатиот директор на „Подравка“, Марин Пуцар, пишува „Вечерни лист“ во анализата посветена на тоа кој би можел да го наследи Пуцар по неговата смрт. 

Весникот анализира дека со оглед на извесните деловни резултати на компанијата и потенцијалот за натамошен раст, а од друга страна поради пандемијата што го стави стопанството пред дополнителни искушенија, големи се очекувањата од новото раководство.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на оваа тема веќе разговараше со претседателот на Хрватската стопанска комора(ХГК), Андреј Буриловиќ, кој, ако седне на чело на „Подравка“, ќе остане почесен претседател на ХГК, пренесе „Вечерњи лист“. Се разговарало и со Мартина Далиќ, поранешна министерка за економија и потпретседателка на Владата на Пленковиќ, која беше сменета при кризата со „Агрокор“. „Најтврд орев“ во преговорите наводно е Горан Маркулин, директор во „Кромарис“, кој во пандемијата руши рекорди по продажбата на риба и раст на приходите. Како четврти кандидат се споменува Давор Доко, сегашен член на Управата за финансии и човек за пензиските фондови во „Подравка“. 

Можно е веќе во утре да се знае кој ќе ја добие челната позиција во прехранбениот гигант од Копривница. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВО ЖИВО) 7 FMCG Ритеил Самит во Сараево: Заедно градиме иднина!

25 фев 2021

„Инвеј“ сака да ги преземе сите акции на „Витал“

25 фев 2021

„Бинго“ го презеде ИНИТ од „Фортенова“

25 фев 2021

Наскоро нова фабрика месната индустрија „Равлиќ“

25 фев 2021

„Дон Дон“ планира да продаде 10 милиони крофни оваа година

25 фев 2021

Нектар најави „зелена“ мисија

25 фев 2021
Вчитува уште новости...