Регион

„Лидл“ и во Врање

15 јан 2021

Продавница на „Лидл“ вчера беше отворена во Врање, на улица „Париска комуна“ бр. 20. 

Потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат со асортиман од 1.800 внимателно избрани производи, меѓу кои се 400 производи од домашни производители. 

Освен грижата за квалитетот и свежината на производите, од моментот на нивното осмислување до поставувањето на полици, „Лидл“ на своите потрошувачи им носи единствено искуство на едноставно и брзо купување кое веќе го препознаа и го засакаа потрошувачите во 31 град ширум Србија, соопштија од компанијата. 

Продавницата ќе работи од понеделник до недела, од 8 до 22 часот, но работното време ќе се усогласува според епидемиолошките мерки што важат во Србија. Во продавницата има 40 вработени. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВО ЖИВО) 7 FMCG Ритеил Самит во Сараево: Заедно градиме иднина!

25 фев 2021

„Инвеј“ сака да ги преземе сите акции на „Витал“

25 фев 2021

„Бинго“ го презеде ИНИТ од „Фортенова“

25 фев 2021

Наскоро нова фабрика месната индустрија „Равлиќ“

25 фев 2021

„Дон Дон“ планира да продаде 10 милиони крофни оваа година

25 фев 2021

Нектар најави „зелена“ мисија

25 фев 2021
Вчитува уште новости...