Регион

„Лесафр“ ја лансираше првата платформа за пекари

30 дек 2020

Компанијата создаде портал за едукација на пекари, технолози, студенти и средношколци - идни пекари, прв од ваков вид во Србија.

Предавачите се големи авторитети од светот на пекарството и производството, менаџери за производство, но исто така и победниците и жирито од натпреварот „Пекаријада“, соопшти компанијата, додавајќи дека платформата e-pekar е единствена можност студентите по технологија и средношколците да научат нешто ново и да ги подобрат нивните веќе постоечки вештини преку вебинари и видео-содржини за пекари. Предавањата се од областа на правење леб и различни видови колачи.

Навистина сме горди што стоиме зад иновативен проект, кој покрај тоа што ја промовира пекарската индустрија на модерен и интересен начин, има и едукативен карактер. Со платформата e-pekar, Лесафр сакаше да ги подобри и развие најдобрите можни односи со идните менаџери за производство во индустрискиот сектор. Размената на знаење и искуство е од непроценливо значење во пекарскиот занает, а овој портал е најдоброто место за тоа, рече Милена Обрадовиќ, маркетинг менаџер на компанијата „Лесафр“.

Компанијата потсети дека „Лесафр“ - Србија е добитник на Дигиталните награди што ги доделува компаниата на глобално ниво за дигитални иницијативи. Со проектот e-pekar „Лесафр“ - Србија победи во сериозниот светски натпревар во категоријата дигитална слика.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...