Регион

Црногорците повторно ќе работат во недела?

30 дек 2020

Можно е Црна Гора да ја укине неработната недела, пренесуваат црногорските медиуми. 

Министерот за економски развој на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека треба да се разгледа повторно воведување работа во недела, затоа што така ќе се зголеми стопанската активност, но со задолжително паралелно јакнење на правата на работниците. Тој потврди дека овој предлог, по разговорите со социјалните партнери, најверојатно ќе биде доставен до Владата. 

Црна Гора воведе неработна недела во октомври 2019 година. Со Законот се предвидува дека во недела и за време на празници може да се купува во аптеки, во специјализирани продавници или киосци за продажба на леб, пекарски производи и колачи, цвеќе, сувенири, бензински станици и продавници за продажба на мало во рамки на бензинските станици.

Неработната недела опфаќа околу 37.000 вработени во секторот трговија во Црна Гора. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...