Регион

ИКЕА е подготвена за изградба на шопинг-паркот АВА

29 дек 2020

Компанијата ги заврши подготовките за изградба на трговски центар на отворено, кој ќе се наоѓа веднаш до трговскиот центар во Бубањ поток.

Како што беше соопштено од компанијата, со оваа инвестиција, вредна над 50 милиони евра, ИКЕА ќе вработи дополнителни 400 лица во Србија, а поставувањето на камен-темелникот е планирано за почетокот на 2021 година.

Ние сме многу задоволни што, и покрај тешките околности поради пандемијата, успеавме да истраеме во оваа, веруваме, важна инвестиција за Белград и локалната заедница. Неодамна потпишавме договор со „ИТ Тел“ и „Вила Град“, домашна компанија која со повеќе од 800 вработени ќе биде главен изведувач на работите. Исто така, се надеваме дека нашите српски партнери, кои од почетокот беа важна поддршка на проектот, наскоро ќе ја завршат постапката поврзана со градежната дозвола, за да можат работите да почнат што е можно поскоро, изјави Бранко Михајлов, генерален директор на проектот.

Трговски парк АВА ќе се простира на повеќе од 30.000 квадратни метри и ќе обедини светски познати брендови од модата, спортот и технологијата во неколку продажни места.

Според најавата, комплексот ќе биде поврзан со автопатот со дополнително исклучување, а се планира да се обезбеди пристап од обиколницата од Белград.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...