Регион

„Лидл“ - Хрватска воведува мрежи за повеќекратно користење овошје и зеленчук

03 дек 2020

Како алтернатива на кесите за еднократна употреба, „Лидл“ во Хрватска сега им нуди на своите потрошувачи „Зелени кеси“, еколошки избор во одделот за овошје и зеленчук.

Од 23 ноември хрватските потрошувачи можат да спакуваат овошје и зеленчук во „Лидл“ во мрежи за повеќекратна употреба „Think Green“.

Вреќичките се изработени од рециклиран полиестер, издржливи се и се мијат на 30 степени, така што се целосно одржлив избор при купување овошје и зеленчук. Тие се продаваат во пакет од 2 парчиња, а цената на пакувањето е 7,99 куни (нешто повеќе од 1 евро).

Користејќи ги новите опции за пакување на овошје и зеленчук на „Лидл“, секој може да придонесе за намалување на потрошувачката на пластика и, следствено, да ја направи околината почиста и поздрава за нас и за генерациите што доаѓаат, велат од „Лидл“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...