Регион

Хрватска: „Атлантик“ издаде нова обврзница вредна 300 милиони куни

20 ное 2020

„Атлантик група“ издаде обврзница во номинален износ до најмногу 300 милиони куни, со рок на доспевање од пет години. 

Обврзницата ќе има фиксна годишна каматна стапка, со полугодишна исплата на камата и еднократно доспевање на главницата по пет години, соопшти „Загребска берза“. 

Кон крајот на октомври, пак, управата на „Атлантик“ донесе одлука за отповикување на постоечките обврзници издадени на 7 јуни 2016 година во номинален износ од 200 милиони куни. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...