Регион

„Лидл“ е заинтересиран за влез во БиХ

26 окт 2020

Успехот на германскиот дисконтер на пазарите на Словенија, Хрватска и Србија, го поттикна „Лидл“ сериозно да размислува за влез и на босанскохерцеговскиот пазар, пишува „Либенсмител цајтунг“.

Германскиот веб-портал, кој се занимава со актуелностите поврзани со FMCG-секторот, известува дека се очекува „Лидл“ да ги отвори првите продавници во БиХ во 2022 година.

Босанскохерцеговските медиуми веќе извесно време шпекулираат за доаѓањето на „Лидл“ во земјата, а навестување за посериозниот интерес е и фактот што трговецот го закупи веб-доменот lidl.ba уште пред четири години. Според германските медиуми, „Лидл“ наскоро ќе биде присутен на 32. пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...