Регион

„Фриком“ донираше 45.000 сладоледи

20 окт 2020

Компанијата „Фриком“, водечки производител и дистрибутер на сладолед и на смрзната храна, донираше 45.000 сладоледи за детските и студентските институции ширум Србија. 

Сладоледите се доставени во Центарот за интеграција на млади во Белград, Прифатилиштето за деца на град Белград, детското село „Др. Милорад Павловиќ“ во Сремска Каменица, Центарот за интеграција на млади во Белград, Дoмот за деца со пречки во развојот во Суботица, претшколската установа „Пчелка“ од Ниш и други. 

Освен во овие институции, „Фриком“ донираше 800 кутии сладолед и во Црвениот крст. 

Сладоледите на „Фриком“ се омилени кај младата популација и сигурни сме дека успеавме барем малку да им го олесниме растењето. Донациите како оваа се традиција за нас и ќе настојуваме континуирано да ги спроведуваме и во иднина, соопштија од компанијата. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...