Македонија

Струмица доби dm дрогерија

03 Oct 2020

Вратите на првата dm дрогеријата во Струмица беа отворени на 10 септември, на булеварот Климент Охридски, бр. 51, во рамките на трговскиот центар „Уан стоп шоп“ (One stop shop).

Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 450 м2, од кои од 375 м2 се продажен простор, а 75 м2 – магацински простор и помошни простории.

Дрогеријата располага со асортиман од над 14.500 производи, од кои повеќе од 4.000 се од приватната  трговска марка на dm. На денот на отворањето посетителите беа услужувани на 4 каси, додека во редовното пазарување активни се две каси.

Покрај големите попусти што траеја 4 дена, на денот на отворањето посетителите беа пречекани со позитивна атмосфера со ди-џеј. Дел од остварениот промет од денот на отворањето, во износ од 150.000 денари, беше дониран во хуманитарни цели на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ од Струмица.

Работното време на оваа дрогерија е од понеделник до недела од 10 до 22 часот.

Синџирот dm во Македонија е присутен со 18 продажни објекти, од кои 12 се во Скопје и по еден објект има во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола и Струмица.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...