Македонија

„Алкалоид“ донираше дезинфекциски средства за студентските и училишните домови

29 сеп 2020

„Алкалоид АД Скопје“ донираше производи од својата палета на антисептички и дезинфекциски средства за студентските и училишните домови во Скопје пред стартот на новата учебна година. 

Донацијата се состои од 16.000 литри антисептички средства („медикал“ гел и „екосал форте“ полиалкохолен раствор) и 17.100 литри готов раствор за чистење и дезинфекција („дезинтал“ 0,2%), во вкупен износ од близу пет милиони денари.

Оваа учебна година по многу нешта ќе се разликува од сите досегашни, но едукацијата е клучен фактор за развој на здраво општество и неминовно е дека ќе мора да се направи адаптација кон новото нормално, имајќи го предвид најважното: здравјето на студентите. Во таа насока, ние како компанија дадовме мал придонес кон адаптација на новите прилики во студентските и училишните домови, донирајќи антисептици и средства за дезинфекција. Почитувајте ги мерките за заштита и чувајте се, изјави генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов.

Место на 1 септември, новата учебна година почнува задутре.

Донацијата од „Алкалоид“ не само што ќе го заштити здравјето на учениците, студентите и вработените, туку и ќе го олесни спроведувањето на протоколите. Се надевам дека истите ќе се сфатат сериозно и ќе се почитуваат, изјави Дарио Николовски, директор на Државен студентски дом во Скопје.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



За 43.000 лица е зголемен бројот на невработени од почетокот на кризата

16 окт 2020

Признание за „Млекара Битола“

16 окт 2020

Бизнисот бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот

16 окт 2020

Паметна специјализација како предуслов за конкурентна економија

16 окт 2020

„Фајнанс тинк“ - Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата?

16 окт 2020

Американската амсадорка Брнз во посета на „Алкалоид“

16 окт 2020
Вчитува уште новости...