Македонија

Горан Сладиќ-нов генерален директор на „Пивара Скопје“

14 сеп 2020

Од 1 септември функцијата генерален директор на „Пивара Скопје“ ја извршува Горан Сладиќ. Тој на оваа позиција доаѓа по Дан Тимотин, кој е унапреден во генерален директор на „Кока-кола ХБЦ“ за Чешка и Словачка.

Од „Пивара Скопје“ соопштија дека Сладиќ е искусен менаџер кој ја започнал својата кариера во „Кока-Кола ХБЦ“ во Хрватска во 2003 година. Пред доаѓањето во „Пивара Скопје“ тој беше на позицијата регионален директор за продажба на „Кока-кола ХБЦ“ во Нигерија, што ја извршуваше од 2017 година. Пред преземањето на функцијата во Нигерија, Сладиќ бил одговорен за сегментот на премиум жестоки пијалаци на „Кока-кола ХБЦ“ во Југоисточна Европа.

Доаѓањето на чело на тимот на „Пивара Скопје“ е новиот голем предизвик за мене, кој ми дава голема енергија и ме инспирира да започнам ново развојно поглавје. Можам да гарантирам дека ќе бидам посветен на поддршка и забрзување на силната агенда на континуитет на она што „Пивара Скопје“ како компанија го има вложено досега и сѐ работело посветено за да се оствари. Агендата на континуитет ќе се темели на три главни столба. Првиот секако е силната традиција на „Пивара Скопје“, вториот е фокусот на иновациите и градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности и можности на нашите брендови, а третиот столб ја претставува нашата апсолутна посветеност кон луѓето и развојот на талентите, изјави Сладиќ по стапувањето на функцијата.

„Пивара Скопје“ веќе 98 години е присутна на домашниот пазар на пиво и безалкохони пијалаци. Компанијата е дел од системите на „Кока-кола ХБЦ“ и „Хајнекен“. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...