Македонија

„Жито лукс“ го модернизира производството на леб

14 сеп 2020

„Жито лукс“, најголемиот производител на леб и брашно во државата, е во процес е на имплементација на голема инвестиција односно модернизирање на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. 

Техничкиот систем што ќе се имплементира е еден од најмодерните системи достапни деновиве на пазарот во ЕУ, велат од компанијата. Ова ќе овозможи безбедно и одржливо продолжување на деловните активности на компанијата што би значело зголемена ефикасност и флексибилност во производството на различните  видови леб.

Горди сме, што и покрај сите предизвици оваа година, ќе спроведеме процес на модернизација на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на системот на дистрибуција на брашно во нашата фабрика за леб. Оваа инвестиција е најголема од низата спроведени изминатите 10тина години. Токму поради овие инвестиции сме во можност постојано да ја прошируваме палетата на производи и да воведуваме нови стандарди на пазарот се со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите и да пресретнеме нови трендови во прехранбената индустрија. Конкретно оваа инвестиција ќе ни овозможи да работиме поефикасно и е од огромно значење за квалитетна одржливост на бизнисот“, соопштија од „Жито лукс“. 

Во изминатите 10 години компанијата имаше неколку позначајни инвестиции: нова линија за производство со што го зголеми степенот на автоматизација на процесот на производство на тост и двопек и во исто време го зголеми производствениот капацитетот на овие две групи производи. Од инвестицијата во линијата за пастеризација на лебовите, а придобивките од истата се следни: задоволување на потребите за зголеменото производство на пастеризирани лебови, зголемен рок на производите без употреба на конзерванси, стабилен и контролиран квалитет.

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...