Македонија

„Киппер“ отвори три нови објекти

10 сеп 2020

За период од осум дена хард-дисконтерот отвори три нови објекти – два во Скопје и еден во Битола.

На 20 август беше отворен маркетот во скопската општина Шуто Оризари, на улицата Шуто Оризари, бр.11. Објектот зафаќа продажна површина од 330 квадратни метри и располага со магацински простор од 55 квадратни метри. Бројот на наплатни каси е 4, а за услугата се грижат 9 вработени.

Маркетот во Мичурин ги отвори вратите за потрошувачите на 24 август, на адреса Анастас Митрев бб. Вкупната површина на овој објект е 354 квадратни метри, од кои 312 квадратни метри се продажен простор. Во овој маркет има осуммина вработени, а потрошувачите имаат на располагање 2 каси.

Првиот маркет во Битола, „Киппер“ го отвори на 27 август на ул. Филип II Македонски, бр. 52. Продажниот простор на објектот изнесува 796 квадратни метри, а магацинскиот – 320 квадратни метри. Персоналот го сочинуваат 22 вработени, а потрошувачите се услужуваат на 5 каси.

Редовниот асортиман во сите три маркета се состои од 1.500 артикли.

Досега синџирот брои 54 маркети. До крајот на годинава планираме уште 6 нови во Кичево, Гостивар и во Струга, откриваат за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...