Македонија

Донација од маркетите КАМ за Црвен крст

13 авг 2020

КАМ донираше производи во вредност од 633.825 денари (околу 10.300 евра) на Црвениот крст на Македонија. 

Донацијата е составена од храна и средства за хигиена и истата е наменета за социјално загрозени семејства низ цела територија на државата.

Донацијата ја прими претседателот на Црвениот крст, проф. д-р Ромел Велев, во просториите на центарот за логистика во Момин Поток-Скопје. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...