Македонија

Списокот со 344 газди кои не исплатија плати оди во Обвинителството

11 авг 2020

Вкупно 344 компании може кривично да одговараат за злоупотребата на 180.000 евра државни пари за исплата на минималец за работниците, откако Владата најави дека ќе поднесе барање до Основното јавно обвинителство(ОЈО) за кривична одговорност. 

Од одговорност ќе се спасат 243 компании, кои сепак ги исплатија платите во дополнителниот рок што им беше даден.

Според податоците на УЈП, од првичните 708 компании, заклучно со 7 август, за април плата не исплатиле 147 фирми, а за мај 197, или вкупно 344 фирми. Сега, покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, се соочуваат со парична казна од 3.000 евра за правното лице, 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, како и затворска казна од 1 до 10 години.

Првично УЈП објави дека вкупно 708 газди за два месеци,  не исплатиле околу 385.000 евра на над 1.700 вработени. Но до јавното објавување на фирмите паѓаа и бројките. Првичниот список беше со под 600, за финалниот список да брои 344 компании. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен е првиот „Рептил Special“

25 сеп 2020

„Леона“ лансира „Леона премиум крем“

25 сеп 2020

6 FMCG Summit Скопје на 26 ноември-онлајн и бесплатен за следење

25 сеп 2020

Истражување: Македонските компании не се преоптоварени со бирократија

25 сеп 2020

„Алкалоид“ донираше дезинфекциски средства за студентските и училишните домови

25 сеп 2020

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

25 сеп 2020
Вчитува уште новости...