Македонија

Пад на извозот од 24 отсто во првото полугодие

07 авг 2020

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во перидот јануари - јуни годинава изнесува 2.705.623.000 долари и бележи пад од 24 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.691.475.000 долари, што е за 20 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во првите шест месеци од годинава изнесува 985.852.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот, пак, се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите пест месеци од годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу  сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Признание за „Млекара Битола“

16 окт 2020

Бизнисот бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот

16 окт 2020

Паметна специјализација како предуслов за конкурентна економија

16 окт 2020

„Фајнанс тинк“ - Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата?

16 окт 2020

Американската амсадорка Брнз во посета на „Алкалоид“

16 окт 2020

„Пакомак“ организира акција за собирање стакло

16 окт 2020
Вчитува уште новости...