Македонија

Вината на „Тиквеш“ освоија 4 златни медали на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција

06 јул 2020
Вина на винарниците „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар „Citadelles Du Vin“ 2020, кој традиционално се одржува во близина на Бордо, Франција.
 
Златни медали добија три вина од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“ - Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016, како и Vase de Pierre 2018 и Terrasse à L’Ombre 2018 од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“, а со златен медал се закити и Vranec Special Selection од бербата 2017.
 
Дополнително, црвеното Barovo од бербата 2017 ја освои специјалната награда „Macedonia special prize“. 
 
Овој исклучителен успех е постигнат во конкуренција на 719 вина од 29 земји од светот, меѓу кои и неколку од регионот. Освојувајќи ги петте највисоки одличја, винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди позицијата најуспешна меѓу винарниците од регионот. Инаку, со ова „Тиквеш“ значајно го надогради успехот постигнат на минатогодишното издание на „Citadelles Du Vin“, кога освои три сребрени медали, соопштија од „Тиквеш“. 
 
Citadelles Du Vin е натпревар кој се одржува во еден од најзначајните и најпознати светски вински региони (Бордо) и има мисија да ги поддржи и промовира квалитетот и различноста на вината произведени ширум светот. Наградените вина дополнително добиваат и презентација на „Винекспо“ - Бордо и „Винекспо“ - Хонг Конг, со што  остваруваат промоција пред француските и интернационалните потрошувачи и љубители на виното.
Вината на „Тиквеш“ од почетокот на оваа година освоија речиси 20 медали на натпревари одржани во Кина, Франција и во Германија.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



ССМ: При крај сме со договорот за недела како неработен ден

23 фев 2021

УЈП: Работодавците ќе враќаат до 50 отсто од субвенциите за придонеси за април, мај и јуни

23 фев 2021

„Алкалоид“: Инвестиции од 1,5 милијарди денари и 210 нови вработувања

23 фев 2021

Нова апликација за заштита на правата на потрошувачите

23 фев 2021

Доаѓаат 4 нови инвестиции вредни над 300 милиони евра?

23 фев 2021

Ќе се формира нов совет за заштита на потрошувачите

23 фев 2021
Вчитува уште новости...