Македонија

Државата за шест месеци им врати на фирмите 206 милиони евра ДДВ

03 јул 2020

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе, соопштија од Министерството за финансии.

Според Министерството, ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид  кризата.

Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44% , велат од Министерството за финансии..

Минатата 2019 година, фирмите добија поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година или дури 44% повеќе во однос на 2016 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Утре е последен рок за пазарување со домашните платежни картички

07 авг 2020

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против Ковид-19

07 авг 2020

Донација од маркетите КАМ за Црвен крст

07 авг 2020

Профитот на „Европа“ зголемен за 64 отсто

07 авг 2020

Винарниците предупредуваат: Винската индустрија е пред целосен колапс

07 авг 2020

СКСЗМ: Економијата да биде приоритет на новата влада

07 авг 2020
Вчитува уште новости...