Македонија

Smederevka и Roze на „Тиквеш“ и во полулитарска амбалажа

03 јул 2020

Најпопуларните вина од сегментот на традиционални вина на винарницата „Тиквеш“ – Smederevka и Roze, добија нова амбалажа од 0,5 литри.

Со лансирањето на новата амбалажа на двете вина, „Тиквеш“ го збогатува широкиот избор во својата палета, создавајќи нови навики за одговорна консумација на вината од оваа категорија, особено во топлите летни месеци, се наведува во соопштението на винарницата.

Вината Smederevka и Roze во полулитарска амбалажа се достапни за потрошувачите на полиците на продажните места и во угостителските објекти од почетокот на месецов.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...