Македонија

„Аксон трејдинг“ донира за здравствените работници

29 јун 2020

Компанијата „Аксон трејдинг“ од Скопје донира медицинска заштитна опрема за потребите на персоналот во здравствените установи во Македонија.

Целта на донираната опрема, чија вкупна вредност изнесува 616.795 денари (околу 10.030 евра), е заштита на здравствените работници.

Донацијата опфаќа маски за еднократна употреба за Здравствениот дом во Битола (31.860 денари); Н95-маски, ракавици и очила за Општата болница во Куманово (113.405 денари); Н95-маски со филтер, маски и скафандери за Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир (305.030 денари), како и визири и маски за аптеки и  педијатриски ординации (166.500 денари).

Скопската компанија „Аксон трејдинг“ е увозник на формулата за бебиња и мали деца Nutricia и на производите Potencijal.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...