Македонија

Почна дистрибуцијата на пакети, донација од „Империал тобако ТКС“

03 јун 2020

Денес тимовите на Црвен крст – Скопје почнаа со дистрибуција на хуманитарни пакети, донирани преку финансиската помош од компанијата „Империал тобако ТКС“.

Вкупната донација изнесува речиси 1 милион денари. Пакетите содржат прехранбени производи и хигиенски средства, а ќе им бидат доставени на 555 семејства на кои им се најпотребни.

Една од задачите на Црвениот крст е да им го олесни секојдневието и да им помогне на ранливите групи граѓани, кои се најпогодени од пандемијата. Во овие активности, од големо значење е помошта што ја добиваме од компаниите, кои преку донациите активно учествуваат во борбата против Ковид-19, изјави Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст – Скопје.

Средствата што ги донираше „Империал тобако ТКС“ се употребени за набавка на храна, хигиенски и заштитни средства, а се наменети за социјално ранливи групи граѓани – луѓе во изолација, социјално загрозени семејства на заболени од Ковид-19 и луѓе што ја загубиле работата или драстично им се намалени приходите. Загрозените семејства од територијата на Скопје ќе добијат два хуманитарни пакета – еден со прехранбени производи и втор со хигиенски и заштитни средства.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...