Македонија

„Лидл“ влегува во Македонија?

03 јун 2020

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.

Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но нашите извори кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза. 

Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдија, ниту децидно ја демантираа информацијата. 

Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговорија од „Лидл“ на прашањето на InStore за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар. 

Според нашите извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради. 

„Лидл“ од 2018 година почна да работи во Србија, при што истовремено отвори 16 продавници во 12 градови. Со новите две продавници што ќе ги отвори на 11-ти месецов, „Лидл“ во Србија сега ќе има вкупно 41 објект. Во Хрватска, пак, работи од 2006 година. 

Инаку, трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Пад на извозот од 27,4 отсто во првите пет месеци од годинава

02 јул 2020

„Макпрогрес“ развива регионална академија и центар за иновации со поддршка од ЕБОР

02 јул 2020

Вината на „Тиквеш“ освоија 4 златни медали на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција

02 јул 2020

Со субвенционирање на плати досега се вработени 1.346 лица

02 јул 2020

Се отвори нов КАМ маркет

02 јул 2020

Детали: Што може да се купи со домашната платежна картичка

02 јул 2020
Вчитува уште новости...