Македонија

ССМ: Државата да воведе неработна недела за сите работници

21 мај 2020

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека здравствена криза предизвикана од Ковид-19 покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден, соопштија од ССМ.

Од таму потсетуваат дека покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс меѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да бидат и сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор. Анализите и примерите  покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството, за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот, ниту работниците и граѓаните, оценија од Синдикатот. 

ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање правна рамка за почитување на демократските вредности ќе се изнајде правно решение со кое недела ќе биде неработен ден.

Ваквата иницијатива на ССМ веќе се покажува и во пракса и голем број работодавачи своеволно ја прогласија недела за неработен ден. Тоа е примерот што треба да го следат и останатите работодавачи, како и Владата, се вели во соопштението. 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Почна дистрибуцијата на пакети, донација од „Империал тобако ТКС“

01 јун 2020

За два дена 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

01 јун 2020

„Лидл“ влегува во Македонија?

01 јун 2020

Барања за финансиска поддршка за мајската плата се поднесуваат до 7 јуни

01 јун 2020

Арсовска: Економските мерки итно да продолжат уште 2 месеци

01 јун 2020

ДЗС: 9.075 слободни работни места во првиот квартал

01 јун 2020
Вчитува уште новости...